Adam Abu-bashal
08 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
АБУЏА
Во поплавите предизвикани од поројните дождови во Нигерија загинаа 68 лица, додека од оваа катастрофа се погодени над 129.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Националната агенција за итни состојби на Нигерија, Мухамаду Мухамед, соопшти дека во текот на 2020 година покрај главниот град Абуџа, уште 320 посебни зони во 35 сојузни држави биле погодени од поплавите.
Мухамед информира дека во поплавите загинале 68 лица, додека од оваа катастрофа се погодени над 129.000 лица.
Тој подвлече дека поплавите предизвикале несигурност на храна.
„Покрај што поплавите предизвикаа смртни случаи, исто така под вода останаа и земјоделски земјишта како и се срушија илјадници куќи. Тоа имаше негативен ефект врз несигурноста на храна“, додаде тој.