Adham Kako
02 Мај 2019•Ажурирај: 03 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека минатиот месец во Сирија биле убиени 324 цивили од завојуваните страни, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на СНХР за цивилните загуби во април во Сирија се наведува дека минатиот месец од завојуваните страни биле убиени 324 цивили, од кои 74 деца и 44 жени.
Во овој извештај се наведува дека Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран убиле 161 цивил, од кои 34 деца и 22 жени.
Според овој извештај, во воздушните напади на руските воени авиони загинале 13 цивили, од кои 2 деца и 2 жени, додека 10 цивили, од кои 3 деца и 2 жени, го загубиле својот живот во нападите извршени во цивилните населени места во Рака од страна на терористичката организација ДЕАШ.
Според извештајот, терористичката организација ЈПГ/ПКК во регионите кои ги држи под окупација, уби 12 цивили, од кои едно дете и 2 жени.
Се вели дека вооружените групи против режимот биле причина за смртта на 4 цивили, додека 124 цивили, од кои 34 деца и 16 жени, биле убиени од неидентификувани страни.
Во извештајот се нагласува дека минатиот месец 54 лица биле убиени со тортура, од кои 50 биле убиени од страна на режимот.
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека од почетокот на 2019 година, од завојуваните страни во Сирија биле убиени вкупно 1.101 лице, од кои 197 биле убиени во јануари, 246 во февруари, 334 во март и 324 во април.