Aydoğan Kalabalık
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
ТРИПОЛИ
Нелегитимните милитантски сили кои ги предводи Калифа Хафтар извршија ракетен напад на различни делови на главниот град Триполи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според последните информации, во нападот загинале три лица, вклучувајќи еден цивил.
Емин ел Хашими, советник во Министерството за здравство на Владата на национално единство на Либија, во соопштението изјави дека во ракетниот напад на милитантите на Хафтар загинале три лица, четири се ранети, напоменувајќи дека двајца загинати во нападот биле припадници на безбедносните сили.
Ракетите кои ги истрелаа милитантите на Хафтар го погодија пристаништето Триполи, аеродромот „Митига“ и крајбрежниот пат.
Министерството за надворешни работи на Либија го осуди нападот, напоменувајќи дека ракетниот напад извршен на крајбрежниот пат во чија близина се наоѓаат и резиденцијата на Амбасадата на Италија и Турција претставува кршење на меѓународното право.
Во соопштението се наведува дека министерот за надворешни работи на Либија, Мухамед ет Тахир Сејала, телефонски разговарал со амбасадорите на Италија и Турција.