Gökhan Kurtaran
13 Декември 2018•Ажурирај: 13 Декември 2018
ЛОНДОН (AA) - Британската премиерка Тереза Меј го „преживеа" гласањето за недоверба и понатаму ќе остане на чело на Владата како и на чело на партијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Парламентот на Велика Британија е одржано гласање за доверба на премиерката Меј, кое го покрена нејзината Конзервативна партија.
Доби 200 гласови од пратениците, додека 117 беа против, од вкупно 317 пратеници колку што имаат право на глас.
На премиерката Меј за останување на функциите и требаше натполовично мнозинство, а со ова гласање во наредните 12 месеци нема да може да биде покренато прашањето за доверба на британската премиерка.
Меј по гласањето одржа краток говор пред новинарите, додавајќи дека треба да се продолжи со Брегзит и истакна дека е потребно да обрне внимание и на проблемите во земјата.
„Мораме да делуваме во национален интерес. Мораме да продолжиме со Брегзит. Утре во Европскиот парламент ќе барам гарапции во врска со заштитниот механизам (backstop). Но, со Брегзит на прво место мораме да ги ставиме приоритетите на луѓето кои не избрале. Мораме да го спроведеме Брегзит и да ја обединиме земјата", рече кратко Меј.
Потсетуваме, 48 пратеници од нејзината партија, кои воедно се и парламентарни пратеници, предадоа писма на претседавачот со Одборот на Конзервативна партија во кој бараа гласање.
Се работи за незадоволни пратеници од Конзервативна партија поради несогласување со начинот на кој премиерката веќе со месеци го води процесот на излегување на Велика Британија од ЕУ.