Mehmet Nuri Uçar
19 Февруари 2021•Ажурирај: 24 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ
Меѓународниот комитет на Црвен крст (ICRC) изрази загриженост поради интензивирањето на насилството во градот Мариб, во источниот дел на Јемен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Комитетот се огласи преку Твитер по ескалирањето на судирите меѓу иранските милиции на Хусите и владините сили во градот Мариб.
Изразена е сериозна загриженост поради ескалацијата на напнатоста, а страните се повикани да ја запрат војната и што подалеку од судирите да ги држат цивилите и нивната татковина, како и инфраструктурата.
Хусите на 17 февруари соопштија дека воспоставиле контрола врз голем број точки во окрузите Рахабе, Ел Џубе и Хариб, и наведоа дека градот Мариб ќе биде заземан во рок од 48 часа.
На брифингот на Советот за безбедност на ОН одржан на 18 февруари, специјалниот пратеник на ОН за Јемен, Мартин Грифитс, изјави дека нападите на Хусите врз Мариб мора да престанат.
Тој предупреди дека судирите во близина на камповите, во кои престојуваат раселените жители на Јемен, ги загрозиле животите на милиони цивили.
Истакнувајќи дека за ставање крај на кризата во Јемен е потребна меѓународна поддршка, Грифитс ги повика страните на прекин на огнот во целата земја.