Aşkın Kıyağan
06 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
ВИЕНА (АА) - Меѓународниот институт за медиуми (IPI) го осуди нападот на Војската на зградата во која се наоѓаше и канцеларијата на Anadolu Agency (AA) во Газа, јавува Anadolu Agency (AA)
Од седиштето на Меѓународниот институт за медиуми (IPI) во Виена објавија соопштение во кое се осудува нападот со пет израелски проектили и рушењето на зградата со канцеларијата на АА во Газа.
Истакнувајќи дека IPI се залага за слобода на новинарите во светот, во соопштението се наведува дека израелскиот воздушен напад на зградата со канцеларијата на АА заслужува најостро осудување.
„Новинарите и медиумските организации никако не смеат да бидат цел во кој било судир“, порача шефот на Правната служба на IPI, Рави Р. Прашад.
Прашад ги повика израелските сили и власти да ги заштитат новинарите и медиумските куќи и да им овозможат непречена работа.
Во рамките на воздушните и артилериските напади изминатиот викенд, израелските вооружени сили во саботата со најмалку пет ракети ја погодија и срушија зградата во која се наоѓаше канцеларијата на АА во таа блокирана палестинска енклава. Зградата е евакуирана непосредно пред нападот и немаше настрадани лица.