06 Мај 2019•Ажурирај: 07 Мај 2019
РИМ (АА) - Поранешниот италијански премиер и лидер на политичката партија Форца Италија, Силвио Берлускони, ја напушти болницата во Милано само шест дена по операцијата на цревата за да учествува во кампањата во пресрет на европските парламентарни избори, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Се плашев дека е крај, но во спротивно, ова е импресивно враќање“, изјави денес 82-годишниот Берлускони.
Берлускони неодамна е хоспитализиран и е опериран поради блокада на интестиналниот тракт.
По шест дена од операцијата, Берлускони денес изјави дека доволно лежел и дека ќе ја предводи предизборната кампања на неговата партија за влез во Европскиот парламент.
Тој остро ја критикуваше популистичката коалициска Влада на Италија и порача дека е способна само да предизвикува расправии.
„Се надевам дека Форца Италија ќе биде столбот на мнозинската алијанса на десниот центар во Европскиот парламент и дека така националистичките сили ќе ги држиме настрана“, порача Берлускони.