свет

Меѓународната организација за миграција: Миграцијата од Источна Африка кон земјите на Заливот се намали за 73 отсто

- Во писменото соопштение се наведува дека бројот на мигранти кои во 2019 година преку Африканскиот Рог преминале во Јемен изнесува 138.123, додека оваа бројка во 2020 година се намалила на 37.537.

Tufan Aktaş  | 24.02.2021 - Обновена : 25.02.2021
Меѓународната организација за миграција: Миграцијата од Источна Африка кон земјите на Заливот се намали за 73 отсто

ИСТАНБУЛ

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека миграцијата од Источна Африка кон земјите на Заливот е намалена за 73 отсто во 2020 година како резултат на пандемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение се наведува дека бројот на мигранти кои во 2019 година преку Африканскиот Рог преминале во Јемен изнесува 138.123, додека оваа бројка во 2020 година се намалила на 37.537.

Во извештајот на Организацијата за миграција се вели дека е забележан и значаен пад во принудните враќања од Саудиска Арабија.

Според извештајот, во 2019 година во својата земја биле вратени 121.000 нерегуларни мигранти со потекло од Етиопија, а оваа бројка во 2020 година изнесува само 37.000.

Во овој извештај се вели дека главната причина за падот на миграцијата е пандемијата на Ковид-19 и рестрикциите донесени во оваа насока, додека апсењата, злоупотребите и присилните враќања се меѓу другите причини.

Секоја години илјадници африкански мигранти преку Џибути преминуваат во Јемен, со надеж да одат во земјите на Заливот, пред сѐ во Саудиска Арабија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın