Büşra Akın Dinçer
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
ЛОНДОН (АА) - Според бројките објавени денес, миграциите во Велика Британија го достигнаа највисокиот рекорд во текот на дванаесетте месеци, заклучно со јуни, кога земјата изгласа да излезе од ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Се проценува дека 650.000 лица пристигнале во периодот од една година заклучно со јуни, се вели од канцеларијата за национална статистика. Во истиот период минатата година, проценето е дека во земјата пристигнале 639.000.
Работата е најчестата причина за долгорочни миграции, се вели во извештајот.
Во соопштението од канцеларијата исто така се вели дека миграцијата на граѓаните на ЕУ (чија бројка изнесува 284.000) исто така е на највиското проценето ниво, споредено со бројката од 265.000 минатата година.
Нето-миграцијата (миграција минус емиграција) изнесуваше 335.000 во 12-месечен период.
Денешните бројки се значајни за Велика Британија откако нејзиниот електорат гласаше за Брегзит, а многумина гласачи и активисти ја нагласија миграцијата како клучна причина.
Зборувајќи денес во Парламентот, министерот на Велика Британија одговорен за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави дека лицата што живеат во ЕУ веќе го имаат правото да останат поради долгиот период на престој во земјата.
„Целта на владата е многу јасна“, изјави тој.
Ние сакаме да ги гарантираме правата на граѓаните на ЕУ што живеат во Велика Британија и истовремено сакаме да ги гарантираме правата на Британците што живеат во Европа“.
Премиерката Тереза Меј претходно вети дека ќе го контролира бројот на миграциите.
Во посветеноста на изборите во 2015 година, владејачката Конзервативна партија изјави дека ќе ги намали миграциите на „издржливи нивоа“, кои ги дефинираши како „помалку од десетици илјади“ до 2020 година.