Kerem Kocalar
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - КЕРЕМ КОЏАЛАР - Сѐ потешки се условите за живот во сирискиот град Алепо поради граѓанската војна во Сирија којашто трае веќе 6 години.
Покрај руските сили и силите на режимот, поддршка на Асад му даваат и шиитските милиции. Во тек се интензивни напади поради кои Алепо наликува на урнатина. Бидејќи болниците се надвор од функција, магацините се претворија во здравствени центри.
Пекарниците се целосно уништени, а поради проблемите со недостатокот од храна и вода, народот кој се обидува да остане во градот очекува да пристигне хуманитарна помош.
Во телефонскиот разговор со Меџид ебу-Џафер, локален жител, дописникот на АА e информиран дека луѓето во Алепо живеат во многу тешки услови и се обидуваат да опстанат.
Локалниот жител Џафер истакнува дека постојат сериозни проблеми со храната и со водата за пиење:
„Народот е во многу тешка ситуација – среде зима, без средства за греење, а болниците се целосно разрушени. Кога некој е ранет, поради недостатокот на лекарства, веднаш му ја отсекуваат раката или ногата. Еден магацин е претворен во болница и луѓето ги сместуваат таму, во услови што не доликуваат за луѓе. Разговарав со медицинскиот персонал, да ми дозволат да ја фотографирам просторијата, но ми рекоа дека тоа не смеам да го направам, бидејќи местото ќе биде откриено и авионите веднаш ќе го бомбардираат“.