Gülbin Yıldırım
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Минатата недела за првпат во САД 268 илјади лица поднеле барање за социјална помош, што е многу над очекувањата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Министерството за труд на САД, заклучно со неделата што заврши на 26 ноември, за првпат барањата за социјална помош ја достигнале бројката од 268.000, што е за 17.000 барања повеќе од претходната недела. Според процените, се очекувало да бидат поднесени околу 253.000 барања.
Претходната недела, 251 илјада лица поднеле барање за социјална помош.
Од друга страна, во последните 4 недели, заклучно со 26 ноември, просекот на поднесени барања е зголемен за 500, и просекот за овој четиринеделен период изнесува 251.500 барања. Бројот на тековните барања за социјална помош во однос на претходната недела е зголемен за 38.000 и изнесува 2.081.000 барања. Очекувањата биле дека оваа бројка ќе изнесува 2.033.000 барања.
Во образложението се додава и дека во последните 91 недела, бројот на барања за социјална помош останал под прагот од 300.000, што е најдобар резултат од 1970 досега.