Ekip
02 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
АТИНА (АА) - Во наредните два дена траектите ќе останат врзани во своите пристаништа, а поморците ќе ги напуштат своите работни места во знак на протести поради предложеното зголемување на даноци, јавува Anadolu Agency (AA).
Грција без траектен сообраќај ќе биде од петок наутро до недела наутро, поради што многубројни острови во земјата ќе бидат оштетени од копното, но и едни од други.
Поморците протестираат против владиниот предлог, за кој синдикатот вели дека ќе ги укине досегашните олеснувања за нивната професија. Според предлогот, данокот на прихот би се зголемил за 45 отсто, покрај постојаниот специјален данок од 10 отсто.
Грчката влада се обидува на сите можни начини да ги исполни критериумите кои ќе овозможат ослободување на повеќе средства во рамките на третата фаза на меѓународната финансиска помош.
Грција се потпира на странските кредити од 2010 година, а за возврат мораше да реформира своја економија, да спроведе болни намалувања во јавните трошоци и да ги зголеми даноците.