Denizhan Güzel
22 Септември 2016•Ажурирај: 23 Септември 2016
ИЗМИР (АА) - Екипите на турската крајбрежна стража во местото Чешме фатиле 166 мигранти кои по илегален пат се обиделе да дојдат до Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Мигрантите, од кои 128 биле сместени во два гумени чамца, забележани се во морскиот простор Далјан, откриени за време на утринската редовна патрола на екипата на крајбрежната стража.
Во близина на Далјан забележан е гумен чамец на кој се наоѓале 38 мигранти кои екипата на крајбрежната стража ги извлекла на копно.
Фатените мигранти, кои по илегален пат се обиделе да дојдат до грчкиот остров Хиос, со потеко од Сирија, Авганистан, Ирак и од Камерун, ќе бидат предадени на Канцеларијата за миграции во Измир.
Поради зголемувањата на илегалните миграции во изминатиот период, патролите на Егејското Море се зајакнати.