свет

Мерц: Германија мора да ја изгради најсилната армија во ЕУ за дa ја спречи заканата од Русија

„Ние Германците разбираме дека мирот во Европа повеќе не може да се зема здраво за готово. Заканата од Русија е вистинска“

Ayhan Şimşek  | 07.11.2025 - Обновена : 07.11.2025
Мерц: Германија мора да ја изгради најсилната армија во ЕУ за дa ја спречи заканата од Русија

БЕРЛИН (АА) - Германија мора да изгради силни вооружени сили кои ќе одговараат на нејзината големина и економска моќ и ќе ги исполнат своите одговорности за безбедноста на Европа, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц, јавува Анадолу.

Во видеообраќање на годишниот форум на Германските вооружени сили, Мерц ја опиша Русија како „најголема“ закана за Европа.

Тој рече дека мирот, слободата и безбедноста на Европејците се под „сериозна“ закана.

„Ние Германците разбираме дека мирот во Европа повеќе не може да се зема здраво за готово. Заканата од Русија е вистинска“, изјави конзервативниот лидер.

„Ние во Германија исто така гледаме дека хибридните напади како саботажа, шпионажа, кибернапади, прелетувањата на беспилотни летала, платени убиства и целни кампањи за дезинформација се секојдневни“, изјави тој.

Мерц ја повтори целта на неговата влада да изгради најсилна армија на ЕУ за да ја одврати руската закана и вети дека ќе ги зголемат трошоците за одбрана, ќе обезбедат доволно средства за модернизација на Германските вооружени сили, Бундесверот, и ќе ги опремат со напредни капацитети.

„Нашите сојузници во НАТО и партнерите од ЕУ гледаат кон нас особено, како на трета најголема економија во светот. Сакаме Бундесверот да биде најсилната конвенционална армија во ЕУ - сила соодветна за земја од нашата големина и одговорност“, рече германскиот канцелар.

„Истовремено, ќе продолжиме да ја исполнуваме нашата заедничка обврска во рамките на НАТО, за да обезбедиме дека нашата алијанса е силна, така што никој нема да се осмели да нѐ нападне. Немаме време за губење во овој потфат“, додаде тој.

Мерц, исто така, истакна дека Владата планира да спроведе сеопфатни реформи за зајакнување на регрутирањето и задржувањето, справувајќи се со тековните предизвици со персоналот на Бундесверот. Тој вети дека ќе ги обезбедат потребните ресурси и ќе преземат нови мерки за да ја направат воената служба попривлечна за младите луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.