Ayhan Şimşek
19 Јануари 2020•Ажурирај: 20 Јануари 2020
БЕРЛИН (АА) - Во германскиот главен град Берлин заврши самитот кој се одржа со цел започнување на постојано примирје и политички процес во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Конференцијата се одржа по покана на германската канцеларка Ангела Меркел и траеше повеќе од четири часа.
На оваа конференција учествуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во рамки на самитот, Ердоган одржа одделни средби со рускиот претседател Владимир Путин, шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, германската канцеларка Ангела Меркел и Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
„Учесниците на конференцијата се согласни дека не може да има воено решение за конфликтот во Либија", изјави германската канцеларка Меркел по самитот.
„Постигнавме договор за сеопфатен план за поддршка на примирјето", рече Меркел.
Таа додаде дека „се дадени имиња за формирање воен комитет чии состав го сочинуваат 5+5 членови."