свет

Меркел: „Германија сака либискиот народ да ја одреди иднината на земјата“

„Многу е важно да испратиме единствен сигнал во однос на Либија дека сакаме прво и најважно да видиме како народот на Либија си ја одредува својата иднина“, рече Меркел

Erbil Başay  | 24.06.2021 - Обновена : 24.06.2021
Меркел: „Германија сака либискиот народ да ја одреди иднината на земјата“

БЕРЛИН

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека Германија сака да види како народот на Либија си ја одредува својата иднина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Канцеларката Меркел ова го изјави по приемот на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој пристигна во Берлин за да присуствува на 2. Берлинска конференција за Либија.

Обраќајќи се на заедничка прес-конференција пред состанокот за Либија, Меркел ја подвлече важноста на присуството на Блинкен.

„Многу е важно да испратиме единствен сигнал во однос на Либија дека сакаме прво и најважно да видиме како народот на Либија си ја одредува својата иднина“, рече таа.

Осврнувајќи се на значењето на меѓународните партнери да не ја оставаат Либија сама, Меркел рече дека ситуацијата во земјата е од стратешко значење, како за Африка, така и за односите меѓу Африка и Европа.

Меркел потсети на нејзините средби со американскиот претседател Џо Бајден на Самитот на Г7 во Корнвол, Велика Британија, а подоцна и на Самитот на НАТО во Брисел таа рече дека тие нашле заедничка основа за справување со геостратешките предизвици на светот.

Поздравувајќи ја неодамнешната средба меѓу американскиот и рускиот претседател, Меркел ја истакна важноста од одржување отворени на дијалошките канали за изнаоѓање решенија за проблемите.

Од своја страна, американскиот државен секретар Блинкен рече дека тие сакаат да ја видат Либија како зазема правец кон безбедноста, слободата и независноста, поддржана од меѓународната заедница.

Укажувајќи на предизвиците што влијаат врз светот, Блинкен рече: „Германија и САД делат убедување дека треба да изнајдеме начини да работиме заедно и да работиме со други.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.