Zehra Ulucak
10 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
МЕКСИКО (АА) - Водечкото име на мексиканскиот нарко-картел Белтра Лејва, Хуан Франциско Патрон Санчес беше убиен во судир со безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Информациите дека е убиен Хуан Франциско Патрон Санчес, кој е лидер на картелот одговорен за провинциите Најарит и Халиско, е потврдена и од Министерството за внатрешни работи на Мексико.
Исто така, Министерството за морнарицата на Мексико соопшти дека освен Санчез, во судирот меѓу безбедносните сили и членовите на картелот се убиени шест други лица поврзани со картелот.
Од ова министерство порачаа дека подоцна ќе бидат објавени детални информации за убиството.