Nancy Caouette
16 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Најмалку десет лица беа киднапирани од елитниот ресторан „Ла Лече” во познатoто мексиканско одморалиште Пуерто Валарта, јавува Anadolu Agency (AA).
Според медиумите, пет вооружени напаѓачи во придружба на две возила околу 01:05 часот по локално време влегле во ресторанот и киднапирале десетина лица.
Полицијата соопшти дека сè уште нема информации за тоа дали станува збор за криминална банда.
Медиумите шпекулираат дека најверојатно станува збор за криминалната група на Хоакин ел Чапо Гузман, највлијателниот нарко мафијаш во Мексико.
Тој со децении беше на чело на еден од најбруталните картели за дрога „Синаола”, чии членови на ривалските банди им ги отсекувале главите, а телата им ги беселе на јавни места.
Инаку, Мексико се смета за една од најопасните земји во светот.