свет

Медиумски извештаи: Трамп во источниот дел на Сирија ќе задржи 200 војници

Вашингтон на тој начин сака да остане активен во борбата против остатокот од терористичката организација ДЕАШ, но и да го спречи режимот на Асад и Русија да стигнат до источносириските нафтени полиња

Hakan Çopur  | 21.10.2019 - Обновена : 21.10.2019
Медиумски извештаи: Трамп во источниот дел на Сирија ќе задржи 200 војници

ВАШИНГТОН (АА) - Американските медиуми јавуваат дека претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, нема намера да ги повлече сите војници од Сирија, туку дека 200 американски војници ќе задржи во источниот дел на земјата, за тамошните нафтени полиња да не паднат под контрола на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Повикувајќи се на изјавата на неименувано официјално лице, весникот „Њујорк тајмс“ (The New York Times) тврди дека Трамп ќе го прифати планот на Пентагон за задржување на околу 200 американски војници во источниот дел на Сирија.

Истиот извор тврди дека Вашингтон така сака да остане активен во борбата против остатокот од терористичката организација ДЕАШ, но и да го спречи режимот на Асад и Русија да стигнат до источносириските нафтени полиња.

Во американската база Ал Танф на крајниот источен дел на Сирија се наоѓаат најмалку 125 американски војници за кои Пентагон и претходно соопшти дека ќе останат во таа земја.

Неодамна Трамп најави дека од северниот дел на Сирија ќе ги повлече сите војници, околу илјада од нив, а не би било прв пат да менува мислење за тоа прашање.

Тој во декември минатата година соопшти дека веднаш ги повлекува сите околу две илјади американски војници од Сирија, а кратко потоа изјави дека тоа ќе биде подолг процес.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın