свет

Во свлечиште во Индија животот го загубија 8 лица

Спасувачките екипи извлекле тројца повредени кои подоцна починале во болницата во која се пренесени

Zehra Ulucak  | 20.10.2019 - Обновена : 21.10.2019
Во свлечиште во Индија животот го загубија 8 лица Foto: Arhiva AA

АНКАРА

Во индиската сојузна држава Утараканд настана свлечиште под кое останаа 3 возила. Во несреќата животот го загубија 8 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста што ја објави „Хиндустан тајмс“ (Hindustan Times), властите информирале дела во подрачјето на Рудрапрајаг настанало свлечиште под кое останале два мотоцикли и еден автомобил.

Од свлечиштето што настанало синоќа во доцните вечерни часови, спасувачките екипи извлекле тројца повредени кои починале во болницата во која се пренесени. Во веста се истакнува дека во утринските часови од под урнатините од свлечиштето се извлечени безживотните тела на уште 5 лица.

Засега нема информации колку точно лица се наоѓале во возилата затрупани од свлечиштето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın