Safvan Allahverdi
27 Април 2018•Ажурирај: 27 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), Џим Матис, рече дека САД ќе ја прошират операцијата во Сирија и покрај изјавата на претседателот Доналд Трамп дека САД се подготвени да се повлечат од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние ја продолжуваме борбата (со ДEAШ)“, рече Матис за време на заседавањето на Комитетот за вооружени служби при Сенатот во врска со буџетот на Одделот за одбрана.
„Ние ќе ја прошириме операцијата и ќе донесеме поголема регионална поддршка, тоа е веројатно најголемата промена што ја правиме во моментов“.
Нагласувајќи го присуството на членки на Коалицијата против ДЕАШ во регионот, тој рече дека борбата ќе продолжи додека Сирија не биде целосно ослободена од ДЕАШ.
Матис нагласи дека операциите против ДЕАШ ќе се интензивираат на ирачката страна од границата, додека Франција во последните две недели ги зајакна САД во Сирија со своите специјални сили.
Претходно во текот на месецот, Трамп рече дека САД ќе ја напуштат Сирија во многу скоро време, бидејќи ДЕАШ е поразен, тврдејќи дека трошењето на САД на Блискиот Исток е залудно и го намалува вниманието кон домашните трошоци.
Сепак, Пентагон ги опиша најавите за планот за повлекување на трупите од Сирија како гласини, додавајќи дека САД ќе продолжат да се борат против ДЕАШ во Сирија. Подоцна, Трамп се согласи краткорочно да ги задржи трупите во Сирија.
Неодамна, Трамп, на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа, истакна дека сакаат американските војници да се вратат од Сирија, но од друга страна не сакаат Иран да го зајакне своето влијание во регионот, особено по поразот на ДЕАШ.