Yusuf Özcan
19 Април 2019•Ажурирај: 20 Април 2019
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, на средбата со делегацијата на терористичката организација ЈПГ/ПКК, која го користи името СДГ, потсети на својата заложба за намалување на тензијата на границата Сирија - Турција и на безбедноста на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според писмената изјава од Елисејската палата, Макрон се состанал со делегација на ЈПГ/ПКК.
Макрон на средбата истакнал дека неговата земја дава важност на стабилноста на североисточна Сирија.
Францускиот претседател Макрон истакна дека ќе обезбеди поддршка за да се исполнат хуманитарните потреби на цивилното население во Сирија, а исто така и за социо-економската стабилност.
Тој ја истакна потребата за управување со сите компоненти на сирискиот народ и намалување на тензиите.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, на средбата потсетил на својата заложба за намалување на тензијата на границата Сирија - Турција и на безбедноста на Турција.