Sibel Uğurlu
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Терористите на ЈПГ/ПКК продолжуваат да ја нарушуваат областа на антитерористичката операција на Турција започната минатиот месец и извршија десетици терористички напади, соопшти Министерството за одбрана на Турција, јавува Аnadolu Agency (AA).
„Додека турската армија целосно ги почитува договорите за олеснување на Мировниот коридор, терористите на ПКК/ЈПГ продолжуваат да прават прекршувања во областа на операцијата Извор на мирот“, се вели во објавата на Министерството на социјалната мрежа Твитер.
„Во последните 24 часа терористите извршија 19 напади со минофрлачи, автомобили бомби и беспилотни летала“, се додава од Министерството.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Анкара и Москва постигнаа договор според кој терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат 30 километри јужно од турската граница со северна Сирија во рок од 150 часа, а безбедносните сили на Турција и Русија ќе вршат заеднички патроли во тоа подрачје.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.