Yusuf Özcan
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
ПАРИЗ (АА) - Подрачјето на Монпелје, во југоисточниот дел на Франција, го потресе земјотрес со интензитет од 5,4 степени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за сеизмологија на Франција соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 5,4 степени.
Земјотресот се почувствувал во подрачјето на градовите Лион, Монпелје, Авињон и Марсеј.
Гувернерството на Ардеш соопшти дека во градот Теј од земјотресот се повредени 3 лица.
Во соопштението се наведува дека оштетувања претрпеле одредени згради во Теј, додавајќи дека е упатен повик жителите да ги напуштат оштетените објекти и привремено да се упатат во центрите за сместување.