Yusuf Özcan
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
ПАРИЗ
Од пандемијата на новиот тип коронавирус Ковид-19 во Франција, 79 % од смртните случаи се лица на возраст над 75 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за јавно здравје на Франција на 15 март објави извештај во врска со лицата заразени со новиот тип коронавирус и смртните случаи во земјата, објавувајќи дека дотогаш се заведени 6.378 заразени и 161 починат.
Во извештајот се вели дека меѓу 161 смртен случај како последица над заразеност со вирусот Ковид-19, поголемиот број се постари лица, при што 79 % од починатите се на возраст над 75 години.
Според објавените податоци, 13 % од починатите се лица на возраст од 45 до 64 години, 7 % се лица на возраст од 15 до 44 години и 1 % се лица на возраст под 15 години.
Од друга страна, најголем број од заразените, дури 34 %, се лица на возраст од 45 до 64 години. Вирусот Ковид-19 е детектиран кај 20 % од лицата на возраст над 75 години, 14 % од заразените се лица на возраст од 65 до 74 години, 30 % од заразените се лица на возраст од 15 до 44 години, додека 2 % од заразените се на возраст под 15 години.
Меѓу заразените со вирусот Ковид-9 што се наоѓаат на интензивна нега, 37 % се лица на возраст над 75 години, 28 % се лица на возраст од 65 до 74 години, 29 % се на возраст од 45 до 64 години и 6 % од лицата се на возраст од 15 до 44 години.
Најголемиот број детектирани случаи на заразени од новиот тип коронавирус и смртни случаи се регистрирани во регионите Гранд Ест и Ил де Франс, во кој се наоѓа и главниот град Париз.
Досега во Франција вирусот Ковид-19 е детектиран кај 22.300 лица, додека од последиците предизвикани од овој вирус починаа 1.100 лица.