Ömer Koparan
22 Април 2022•Ажурирај: 24 Април 2022
БАБ (АА) - Во експлозија на бомба, која претходно беше поставена на автомобил во Баб во северна Сирија, загина едно лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бомбата, која била поставена на возилото, била активирана во населбата Земзем во областа Баб, која пред пет години беше ослободена од терористите во операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Според прелиминарните податоци, во терористичкиот напад загинал цивил.
Пожарникарите го изгаснале пожарот кој избувнал по експлозијата. Оштетени се куќите во околината.
Локалните безбедносни сили веруваат дека терористичката организација ЈПГ/ПКК стои зад нападот.