свет

Ердоган разговараше со Макрон: Постои сериозен потенцијал за соработка помеѓу Турција и Франција

„Како два сили сојузници во НАТО можеме да дадеме важен придонес на безбедноста, стабилноста и мировните напори на широко географско подрачје, од Европа до Кавказ, од Блискиот исток до Африка", истакна Ердоган

Enes Kaplan  | 03.03.2021 - Обновена : 04.03.2021
Ердоган разговараше со Макрон: Постои сериозен потенцијал за соработка помеѓу Турција и Франција

АНКАРА

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган разговараше преку видеоконференција со францускиот претседател Емануел Макрон. Ердоган порача дека верува оти постои сериозен потенцијал за соработка помеѓу Турција и Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Одделот за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција наведено е дека Ердоган по долг период разговараше со францускиот претседател, а во таа пригода пренесе поздрави до Макрон лично и целиот француски народ.

Ердоган рече дека внимателно ја следат борбата на Франција против пандемијата на коронавирусот (Ковид-19).

„Во свое име и во името на целата нација изразувам сочувство на граѓаните на Франција кои ги загубија своите семејства во текот на пандемијата", порача Ердоган.

Тој истакна дека Турција продолжува напорно да работи на вакцинирање на своите граѓани против коронавирусот, и дека истовремено почнува и со процесот на нормализацијата. Ердоган пренесе дека во Турција досега се вакцинирани повеќе од 10 милиони граѓани.

Ердоган исто така потсети дека оваа година се навршуваат 100 години од потпишувањето на Договорот од Анкара и порача дека дијалогот воспоставен помеѓу лидерите секогаш има значајна улога во односите на Турција и Франција.

Наведувајќи дека овие пријателски врски, чии темели со размена на писма ги поставија францускиот крал Фрањо и султан Сулејман, успешно поминале низ бројни неволји, Ердоган порача дека верува оти „постои сериозен потенцијал за соработка помеѓу Турција и Франција".

„Како два силни сојузници во НАТО можеме да дадеме важен придонес кон безбедноста, стабилноста и мировните напори на широко географско подрачје, од Европа до Кавказ, од Блискиот исток до Африка. Постојат чекори кои можеме заеднички да ги преземеме во борбата против терористичките организации кои им се закануваат на нашите земји и на безбедноста на нашите граѓани и имоти. Се надеваме и сакаме Турција и Франција да делуваат солидарно во сите овие прашања", заклучи Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.