Tufan Aktaş
03 Март 2021•Ажурирај: 03 Март 2021
ЏУБА
Најмалку 12 лица загинаа во падот на патничкиот авион недолго по полетувањето во Јужен Судан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Меѓународниот аеродром Џуба, Кур Куол, за АА рече дека патничкиот авион на копманијата „South Supreme" се срушил во регионот Пеири, во државата Џонглеј.
Коул рече дека во несреќата загинале повеќе лица, истакнувајќи дека точна бројка на загинати сѐ уште не е утврдена. Локалните медиуми објавија дека во несреќата загинале 12 лица, 10 патници и двајца пилоти.
Авионот полета околу 17 часот по локално време и се урна недолго по полетувањето. Причината за несреќата сѐ уште не е утврдена.
Авиокомпанијата, чиј авион на сличен начин се сруши и порано, сѐ уште не се огласи.