Sinan Doğan
10 Јануари 2025•Ажурирај: 13 Јануари 2025
БОГОТА (АА) - Николас Мадуро, кој по 3. пат победи на претседателските избори во Венецуела со 52 % освоени гласови на 28 јули 2024 година, положи заклетва за својот нов мандат, известува Анадолу.
Делегации од 125 земји, вклучително и од Туркије, присуствуваа на церемонијата на полагање заклетва што се одржа во Законодавната палата во главниот град Каракас.
По предавањето на претседателскиот појас од страна на претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез, Мадуро со полагањето заклетва и официјално ја презеде функцијата за мандатот 2025-2031 година.
Заблагодарувајќи им се на овластените за церемонијата, Мадуро продолжи со зборовите:
„Се колнам пред историскиот, благороден и храбар народ на Венецуела и пред овој Устав дека ќе ги извршувам сите ваши наредби и ќе започнам нова ера на мир, просперитет и нова демократија. Овој нов претседателски мандат ќе биде период на мир, просперитет, еднаквост и нова демократија.“
Во Венецуела, каде што беа преземени силни безбедносни мерки поради церемонијата на инаугурација на Мадуро, прослава приредија приврзаниците на владејачката партија.