Furkan Naci Top
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
АТИНА (AA) – Новите министри во Владата на Грција денеска положија заклетва, поради тоа што е извршена ревизија во владата „Сириза-Анел", јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на полагање на заклетвата во Претседателската палата присуствуваа претседателот Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас, а верскиот дел на церемонијата го предводеше архиепископот атински и поглаварот на грчката православна црква Иренимус.
Претходно е соопштено дека во новиот состав на владата само четири министри ја задржале својата позиција. Во министерствата поврзани со економија дојде до промени.
Поранешните министри именувани се на други позиции во рамките на министерството, а во рамките на кабинетот дојде до 15 нови именувања. Формиани се и пет нови министерства.
Министерот за финансии Ефкидис Какалотос кој е првото име во оваа земја за водење на преговори со меѓународните кредитори остана на министерската позиција.
Исто така, на функциите се задржани и министерот за надворешни работи Никос Коsијас и министерот за одбрана Панос Каменос.