Ekipa
30 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
КАРАКАС (АА) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го повика народот на улиците за да ја заштитат својата татковина и уставниот поредок, јавува Anadolu Agency (AA).
„Командантите ја изразија својата посветеност на Уставот. Го повикувам народот на улица да ја заштитат татковината и уставниот поредок“, повика Мадуро преку социјалните мрежи.
Тој нагласи дека разговарал со воените команданти, додавајќи дека војската и понатаму изразува целосна лојалност кон Уставот и кон народот.
„Го повикувам народот на улица да го заштитат мирот, татковината и уставниот поредок. Ќе победиме“, истакна претседателот на Венецуела.
Американската администрација даде целосна поддршка за обидот за пуч во Венецуела, предводена од Хуан Гвидо, кој се самопрогласи за привремен претседател.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс, министерот за надворешни работи, Мајк Помпео, и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, во одделни изјави пружија целосна поддршка на Гваидо и неговите поддржувачи.
Пенс преку социјалната мрежа Твитер порача дека му пружа поддршка на Гваидо и на неговите поддржувачи.
Гваидо утрово објави видео порака снимена во воздухопловната база во Каракас, а околу него беа припадници на венецуелската војска и приведениот активист Леополдо Лопез. Во триминутното видео, Гваидо вели дека војниците што излегуваат на улиците ќе го штитат уставот на државата.
Ден пред најавените масовни антивладини протести, Гваидо рече дека дошол пресудниот час.
Венецуела е зафатена од протести од 10 јануари, кога претседателот Мадуро положи заклетва на функцијата за вториот мандат по изборите кои ги бојкотиташе опозицијата.
Напнатоста дополнително се зголеми кога опозицискиот лидер Гваидо на 23 јануари се самопрогласи за привремен шеф на државата, потег поддржан од страна на САД и многу европски и латиноамерикански земји. Русија, Турција, Кина, Иран, Боливија и Мексико го поддржаа венецуелскиот претседател Мадуро.