Tuğrul Çam
27 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и министерот за надворешни работи на САД, Џон Кери, се сретнаа во Картагена, Колумбија, каде што е потпишан историски мировен договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Колумбија, властите и Револуционерните сили на Колумбија (FARC) потпишаа договор со кој беше ставен крај на 52-годишната граѓанска војна.
На церемонијата во Картагена присуствуваа претставници од 15 земји.
Кери пред состанокот изјави дека двете држави не сакаат да влезат во конфликт, туку сакаат да бидат продуктивни, и дека САД се загрижени за развојот на настаните во Венецуела.
Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, во врска со средбата кажа дека американските власти му сакаат добро на народот на Венецуела.
Кирби додаде дека Кери и Мадуро имаат волја за продолжување на билатералните состаноци.
Претседателот на Венецуела, Мадуро, како одговорни за економската криза во неговата земја ги смета САД и дека Вашингтон против Венецуела води „економска војна“.