Tayfun Salcı
29 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
ЛОНДОН (АА) - Случаен минувач во Лондон пронашол УСБ диск на кој се наоѓале строго чувани тајни поврзани со безбедносните системи и процедури на најголемиот британски аеродром Хитроу, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британскиот лист „Sunday Mirror" објави дека на редакцијата ѝ се јавил граѓанин кој во квартот Квинс Парк пронашол УСБ диск на кој се наоѓаат 76 документи, карти и снимки, а некои од тие содржини се означени со „строго доверливо”.
На пронајдениот диск се наоѓаат и детални податоци за сигурносните мерки и карти на тајни премини на аеродромот кои се користат за потребите на патувањата на највисоките британски челници, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета.
Редакцијата на лондонскиот весник го доставила пронајдениот диск до управата на аеродромот Хитроу. Истовремено е започната истрага за тоа кој и за какви намери ги снимил податоците и ги изнел од канцелариите на аеродромот.
Од управата на аеродромот е соопштено дека постојано се ревидираат сигурносните мерки и дека аеродромот Хитроу е едно од најдобро чуваните места на светот.