Gökhan Kurtaran
22 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
ЛОНДОН (АА) - Во терористичкиот напад во Лондон убиени се четири лица меѓу кои еден полицаец и напаѓачот, додека 20 лица се ранети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лондонската полиција во соопштението наведе дека во нападот се повредени 20 лица.
„Сметаме дека нападот го изведе еден напаѓач. Напаѓачот е неутрализиран", наведено е во соопштението на полицијата.