Yaser Albanna,Zeynep Tüfekçi
25 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
ГАЗА (АА) - Челникот на палестинското движење на отпорот Хамас, Исмаил Ханије, најостро ги осуди неодамнешните критики кои израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги упати на Турција и на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Нетанјаху ја критикуваше Турција за нејзината политика со Северен Кипар и за нејзината борба против терористичката организација ПКК, а претседателот на Политичкото биро на Хамас, Ханије, за АА изјави дека Нетанјаху нема право ниту основа за таква критика.
Тој тврди дека таа критика е последица на паника и страв кои Нетанјаху ги чувствува поради обвиненијата за корупција во Израел и поради успешниот отпор на палестинскиот народ.
„Нетанјаху, убиец на деца кој спроведува терор и злосторства во Палестина, нема право да подигнува глас на Ердоган кој е заштитник на обесправените луѓе во светот“, порача Ханије.