Faruk Zorlu
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
БЕЈРУТ (АА) - Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, вчера го посети Набатије, во јужен Либан, каде што Израел го протера во 1992 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ханије го посети градот Марџ ал-Зухур, каде што тој и уште 400 други членови на Хамас и Движењето „Исламски џихад“ останаа во егзил“, се вели во соопштението на Хамас.
Опишувајќи го периодот на егзилот како фаза во која е извршена една стратешка трансформација во историјата на Хамас и палестинскиот народ, Ханије наведе: „Во тој период се поставени темелите на односите меѓу движењата на отпорот и некои регионални земји“.
Тој додаде дека е напишана заедничка историја во регионот помеѓу Либан и Хамас.
Израел прогони 415 припадници на Хамас и Исламски џихад од Западниот Брег и Појасот Газа во Либан, откако бригадите „Изедин ал Касам“, военото крило на палестинската група на отпорот Хамас, заробија израелски војник во 1992 година.
Израел прифати враќање на 189 лица во септември 1993 година, а останатите во декември истата година, по континуираните протести на Западниот Брег и Појасот Газа.