Tevfik Durul
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
АТИНА (АА) – Претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, го посети островот Меис, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на церемонијата, Сакеларопулу истакна дека „минуваат низ тежок и опасен период“ и рече: „Се зголемува притисокот и агресивната реторика на турското раководство против нашата земја.“
Истакнувајќи дека Турција го саботира добрососедството меѓу Грција и Турција, што е градено многу години, Сакеларопулу рече: „Агресивната реторика на турските лидери ги крева бариерите меѓу народите, создава сомнеж и непријателство и ги поткопува врските меѓу нив.“
Сакеларопулу, која се наоѓа на островот за да присуствува на церемониите организирани под името „77-годишнина од ослободувањето на Меис“, рече дека островот има големо стратешко значење.
„Островот исто така е и од морално значење и голем број од групата острови веќе 5 илјади години ги зачувале своите традиции и обичаи“, додаде Сакеларопулу.
Грчката претседателка, при посетата на воениот музеј во Меис, рече дека Атина е во постојана соработка и комуникација со меѓународната заедница и нејзините партнери, и дека Грција го следи патот на дипломатијата и дијалогот.
„Грција врз основа на меѓународното право е отворена за дијалог со Турција и никому не му се заканува“, рече Сакеларопулу и додаде: „Необновувањето на Навтекс од страна на Турција е чекор во вистинска насока. Сите сакаме да се вратиме во нормала и смиреност.“