Lokman İlhan
22 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
БОГОТА (АА) - Лидерот на Револуционерните сили на Колумбија (ФАРК), Родриго Лондоно, се врати во Колумбија од Куба, каде што беше подложен на лекарски третман, јавува Anadolu Agency (AA).
Лондоно, познат по својот прекар Tимошенко, на социјалната мрежа соопшти дека во Колумбија се вратил за да присуствува на конгресот на политичката партија која ќе ја основа ФАРК, а ќе се одржи во периодот од 27 август до 1 септември.
На 2. јули, поради силни болки во градите, вртоглавица и забрзаната работа на срцето, Tимошенко беше однесен во болница во колумбискиот град Вилјависенсио. Лидерот на ФАРК потоа соопшти дека се опоравува, по што лекувањето го продолжува во Куба, каде што минатата година беше на лекување.
Војната во Колумбија беше прекината со преговорите со посредство на Обединетите нации, а на 15. август во Пандорес беше организирана церемонија на којашто е испратен и последниот конвој со оружје што го предадоа бунтовниците на Револуционерните сили на Колумбија (ФАРК).
Во изминатите 52 години конфликт меѓу владините сили и милитантите на ФАРК во Колумбија, загинаа повеќе од 220.000 луѓе, а раселени се повеќе од шест милиони.