Ali Semerci
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Силите поврзани со Владата на национално единство во Либија признаена од Обединетите нации (ОН) го одбија нападот на милицијата на Калифа Хафтар на југот од главниот град Триполи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на операцијата „Вулкан на гневот“, која е спроведена од Владата за национално единство во Либија, Мустафа ел-Меџеи, за дописникот на АА изјави дека милициите поврзани со Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот на Либија, ја нападнале оската Ер-Рамле на југот од Триполи.
Меџеи истакна дека местото е од стратешка важност за владините сили и дека нападот на милициите на Хафтар, кои се обидоа да го заземат местото, е одбиен.
Иако либиските страни се согласија со предлогот на Турција и Русија од 12 јануари за прекин на огнот, милицијата поврзана со Хафтар продолжува со нападите.