свет

Либиско Министерство за одбрана: Отворени сме за какво било политичко решение во коешто не е вклучен Хафтар

„Имајќи ги предвид масакрите што ги изврши и уништувањето што е предизвикано од неговите напади врз Триполи, ние сме отворени за какво било политичко решение во кое нема да биде вклучен воениот злосторник Хафтар“, нагласи либискиот министер

Halime Afra Aksoy  | 20.09.2020 - Обновена : 21.09.2020
Либиско Министерство за одбрана: Отворени сме за какво било политичко решение во коешто не е вклучен Хафтар

ТРИПОЛИ 

Либискиот министер за одбрана, полковник Салахадин Али Абдулах ен-Немруш, изјави дека тие се отворени за какво било политичко решение во коешто нема да биде вклучен Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Либискиот министер за одбрана Немруш во писмената изјава објавена на официјалната веб-страница на Министерството соопшти дека нема да прифатат каков било дијалог во којшто не е претставена операцијата „Вулкан на гневот“, што се води против милицијата на Хафтар.

Изразувајќи дека се горди на херојството од единиците на „Вулкан на гневот“, Немруш рече војниците што го дадоа својот живот за земјата и го поразија непријателот нема да бидат заборавени.

„Имајќи ги предвид масакрите што ги изврши и уништувањето што е предизвикано од неговите напади врз Триполи, ние сме отворени за какво било политичко решение во кое нема да биде вклучен воениот злосторник Хафтар“, нагласи либискиот министер.

Командантот на западниот регион на либиската Армија, генерал-мајор Осама ал-Џyвејли, вчера изјави дека го отфрлил договорот меѓу вицепремиерот Ахмед Муајтик и Калифа Хафтар за продолжување на производството и извозот на нафта во земјата.

Ахмед ал-Мисмари, портпарол на милицијата на Хафтар, во петокот, непосредно откако Хафтар соопшти дека повторно ги отворил нафтените постројки, рече дека е постигнат договор со вицепремиерот Муајтик за производство и извоз на нафта.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın