Gülşen Topçu
24 Јули 2019•Ажурирај: 24 Јули 2019
ТРИПОЛИ
Претседателот на Претседателскиот совет на Владата на национално единство (UMH), Фајиз ес-Серак, и вршителот на должноста амбасадор на САД во Триполи, Џош Харис, истакнаа дека судирите во Триполи, главниот град на Либија, треба веднаш да престанат, пренесува Anadolu Agency (АА).
Во изјавата споделена на фејсбук-профилот на американскиот амбасадор се истакнува дека на средбата меѓу Серак и Харис е разговарано за соработката во борбата против тероризмот.
Исто така, Серак и Харис на средбата истакнале дека треба да се стави крај на судирите во Триполи и на потребата страните да се вратат во процесот на политичко решение под надзор на Обединетите нации (ОН).
Во изјавата нема информации за тоа каде се одржала средбата.
Од извори на министерот за надворешни работи на Тунис, вчера се дозна дека Серак пристигнал во Тунис.
Генералот Калифа Хафтар на 4 април издаде наредба за напад, со цел да ја преземе контролата врз Триполи, а во исто време силите на Владата на национално единство ја започнаа операцијата наречена „Буркан ал Гадаб“ (Вулкан на гневот).