свет

Либискиот муфтија го повика народот „Со собири поддржете ја соработката со Турција“

- Џирјани истакна: „Либиската Влада треба да ѝ биде благодарна на Турција за помошта на земјата и ставот што го зазеде наспроти коалицијата.“

Enes Canlı, Gülşen Topçu  | 09.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Либискиот муфтија го повика народот „Со собири поддржете ја соработката со Турција“

ТРИПОЛИ

Во писмено соопштение што го објави канцеларијата на муфтијата на Либија, Џирјани ја пофалил поддршката што Турција ѝ ја дава на Либија, изразувајќи го своето задоволство што делегациите на високо ниво од Турција кои неодамна ја посетиле земјата, застанале покрај Владата на Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Џирјани истакна: „Либиската Влада треба да ѝ биде благодарна на Турција за помошта на земјата и ставот што го зазеде наспроти коалицијата.“

Исто така, учествувајќи на локална телевизиска програма во Либија, Џирјани рече дека цивилите во Либија, сите социјални елементи во земјата, треба да организираат големи собири поддржувајќи ја соработката на Турција со Либија и ги повика сите овие елементи со свои објави да дадат свој придонес за таа соработка.

Џирјани истакна: „Народот од Триполи знае што се случуваше до пред 2-3 месеци, секојдневно над неговите глави летаа ракети, народот беше во постојан страв и знае кој му помогна за да излезе од таквата ситуација. Затоа, потребно е да му се даде поддршка и мора да се организираат големи собири.“

Подвлекувајќи дека сојузот на Турција со Либија е легитимен и легален, Џирјани истакна дека нелегитимната интервенција во земјата доаѓа од земјите како што се Франција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), и дека всушност тие се земјите што треба да бидат осудени.

Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар и началникот на Генералштабот на Турските вооружени сили, Јашар Ѓулер, минатата недела го посетија Триполи и се сретнаа со владините претставници.

„Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите либиски браќа да живеат поудобно, посреќно и посигурно“, рече Акар за време на неговата посета, истакнувајќи го следното:

„Сакам да знаете дека сме со вас денес и утре и дека ќе сториме сѐ што е потребно за нашите либиски браќа под инструкции на нашиот претседател. Во право сте, ќе победите, ние веруваме во тоа. Другите сигурно за возврат ќе го добијат заслуженото за својата неправда. Тие и нивните приврзаници исто така ќе загубат, ќе бидат поразени.“

Меѓународно признатата Влада на Либија е под напади на силите на Хафтар од април 2019 година, во кои загинаа над 1.000 лица. Од 2014 година, цел на милициите на Хафтар се нафтените полиња, кои претставуваат бели дробови на либиската економија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın