свет

Либија повеќе не ги прифаќа ОАЕ на преговарачка маса

- „ОАЕ го поддржаа неуспешниот обид за пуч во Либија и во тоа нема сомневање. Таа земја се заканува на меѓународниот мир и сигурност во неколку региони“, изјави Ал Суни за време на синоќешното обраќање на Советот за безбедност на ОН.

Mahmoud Mohamed Barakat  | 09.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Либија повеќе не ги прифаќа ОАЕ на преговарачка маса

ТРИПОЛИ

Амбасадорот на Либија во ОН, Тахер ал Суни, изјави дека таа земја повеќе не го прифаќа отсуството на Обединетите Арапски Емирати на политичките преговори за решавање на либиската криза, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Обединетите Арапски Емирати го поддржаа неуспешниот обид за пуч во Либија и во тоа нема сомневање. Таа земја се заканува на меѓународниот мир и сигурност во неколку региони“, изјави Ал Суни за време на синоќешното обраќање на Советот за безбедност на ОН.

Истакнувајќи дека официјален Абу Даби не може да ги побие обвиненијата направени против него во извештаите на ОН од Либија, Ал Суни рече дека Либија повеќе не прифаќа присуство на Обединетите Арапски Емирати во либиските политички преговори.

Во мај група американски медиуми објавија извештај во кој ОАЕ се обвинуваат дека со авиони доставуваат оружје на своите сојузници во Либија, нелегитимните милитантни сили кои ги предводи Калифа Хафтар.

Ал Суни исто така рече дека секоја држава има суверено право да одлучува за безбедносните прашања, како и да одбива да соработува во случај на странско мешање во внатрешните работи.

„Доколку некој тврди дека договорите направени од либиската Влада се нелегални, тогаш сите договори што ги склучивме со вашите земји за безбедност, економија или нафта се неважечки“, рече Ал Суни пред претставниците на Советот за безбедност.

Тој исто така ги осуди неодамнешните закани на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси за можната египетска интервенција во Либија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın