свет

Американски експерти: Северна Кореја изградила нов комплекс за производство на нуклеарки

- Американските експерти тврдат дека властите во Северна Кореја неодамна тајно изградиле нов комплекс во кој произведуваат нуклеарни глави

Nuri Aydın  | 09.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Американски експерти: Северна Кореја изградила нов комплекс за производство на нуклеарки

СЕУЛ

Американските експерти тврдат дека властите во Северна Кореја неодамна тајно изградиле нов комплекс во кој произведуваат нуклеарни глави, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ објави дека експертите од Институтот „Мидлбури“, за меѓународни студии откриле дека новоизградениот комплекс за производство на нуклеарни боеви глави се наоѓа во местото Воло-ри, во близина на Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја.

Експертите тоа го заклучиле со анализа на сателитските снимки изработени од компанијата „Планет лабс“.

Водачот на експертскиот тим, Џефри Луис, изјави дека станува збор за тајно изграден комплекс кој ги има сите безбедносни карактеристики слични на комплексите за изработка на боеви глави, вклучувајќи и подземни засолништа.

Истакнувајќи дека возилата во комлексот влегуваат на неообичаени влезови, Луис рече дека комплетниот транспорт се врши со помош на затворени контејнери.

„Веќе подолг период ги анализираме сателитските снимки и активности на тоа подрачје. Од претходно е познато дека тоа подрачје е дел од нуклеарната програма на Северна Кореја“, рече Луис.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја не го коментираше случајот, туку само соопшти дека соработува со американските разузнавачки институции на собирање дополнителни информации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.