Muhammed Nuri Erdoğan
15 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес назначи нови заменици министри, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фатма Онџу е назначена за заменик министер на Министерството за семејство и социјални услуги.
Мехмет Хамди Јилдирим е назначен на функцијата во Министерството за трезор и финансии.
Назначувањата се објавени во Службен весник.
Во меѓувреме, ректорот на Универзитетот „Богазичи“, Мелих Булу, е разрешен од функцијата.