СКОПЈЕ (АА) - Амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, истакна дека Турција ќе ги следи лицата поврзани со терористичката организација на Фетула Ѓулен (ФЕТО), нивните досиеја ќе бидат испраќани до властите на Северна Македонија и ќе ги следат сѐ до финализирање на одлуките, јавува Агенција Анадолија (АА).
Амбасадорот Секизќок, кој одржа прес-конференција во резиденцијата на Амбасадата во Скопје, даде изјави по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство, и одговори на прашањата на новинарите.
Потсетувајќи дека поминаа пет години од обидот за воен удар на 15 јули, планиран од терористичката организација ФЕТО, терористичка организација од новата генерација, Секизќок истакна дека 15 јули е подмолно дизајниран обид за пуч, невиден во историјата, кој турскиот народ никогаш нема да го заборави.
Амбасадорот наведе дека е од голема важност, крвавата иницијатива на ФЕТО, која има организации и во странство, да не биде заборавена не само во Турција, туку и низ целиот свет.
Тој, меѓу другото, додаде дека за да се разбере заднината на 15 јули, од голема важност е да се знае како ФЕТО десет години манипулира со млади умови во училиштата и приватните курсеви и да се знаат нејзините обиди за инфилтрација во институциите.
Амбасадорот Секизќок посочи дека ФЕТО имаше за цел да постави свои членови во сите државни институции, да ги користи јавните ресурси и овластувањата во согласност со интересите на организацијата и да воспостави политичко влијание.
Секизќок потсети дека турскиот народ, под раководство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, го спречил обидот за пуч, чија цел беше уништување на демократијата и уставните институции.
Истакнувајќи дека еден од главните приоритети на турската држава во изминатите пет години е ликвидација на организациите на ФЕТО дома и во странство, Секизќок нагласи дека е дешифрирана организациската структура на ФЕТО во државните институции во Турција, започната е правна постапка против нејзините членови и дека е уништена паралелната државна структура на организацијата во Турција.
Посочувајќи дека ФЕТО, која го изгуби теренот во Турција по 15 јули, има за цел да преживее со своите структури во странство, Секизќок рече дека Турција продолжува со напорите за уривање на структурите на ФЕТО во странство.
Понатаму, обрнуваќи внимание на тоа дека ФЕТО има за цел да создаде области на политичко и економско влијание за себе преку воспоставување тајни организации во странски земји, Секизќок рече:
„Турските власти воспоставија административни мерки и судски процеси со цел да се намали опсегот на терористичката организација ФЕТО за дејствување во странство и да ги спречат нејзините членови да избегаат од правдата, како и да се спречи трансферот на пари. Во рамките на истрагите отворени во Турција против членовите на ФЕТО кои се наоѓаат во странство, нашите барања за депортација и екстрадиција се испратени во странските земји.“
Подвлекувајќи дека организациите на ФЕТО и понатаму се претставуваат себеси како образовни институции и трговски претпријатија и како такви продолжуваат да постојат во Северна Македонија, Секизќок рече:
„Ние во секоја пригода на властите во Северна Македонија им ги пренесуваме нашите барања да не го дозволат структурирањето на ФЕТО и да ги депортираат поединците поврзани со ФЕТО. Спречувањето на активностите на организациите на ФЕТО во Северна Македонија и депортирањето на лица поврзани со ФЕТО ќе бидат конкретни чекори во однос на нашите билатерални соработка во областа на борбата против тероризмот. Би сакал тука да ја искористам оваа можност да ги повторам нашите очекувања во врска со ова. Нашите напори за уништување на меѓународната структура на ФЕТО ќе продолжат со решителност."
На прашањето колку членови на ФЕТО Турција сака да бидат испорачани од Северна Македонија и дали има некаков одговор од властите на Северна Македонија во врска со ова прашање, Секизќок рече:
„Во споредба со минатото, морам да кажам дека досиејата во врска со барањата за депортација и екстрадиција значително се зголемија. Во моментот имаме барања за депортација за 86 лица, нивна депортација од Северна Македонија. Истовремено за 20 од овие лица баравме екстрадиција. Сите овие досиеја се испратени до властите во Северна Македонија. Но, досега, од страна на властите на Северна Македонија не се преземени никакви чекори во врска со нашите барања ниту за депортација, ниту за барањата за екстрадиција.“
На прашањето дали ќе бидат засегнати односите меѓу Северна Македонија и Турција ако не се исполнат барањата во врска со екстрадиција на членовите на ФЕТО, Секизќок нагласи:
„Нашите односи не зависат од судбината на едно досие. Односите Турција - Северна Македонија се потпираат на многу цврсти темели. Со одржување на прашањето за ФЕТО на дневен ред, ние, всушност, изразуваме легитимно барање. Не само во однос на Северна Македонија, Турција, без разлика каде и да се во светот, ќе ги бара членовите на ФЕТО кои бегаат од правдата. Без разлика дали се тоа членови на ФЕТО или на друга терористичка организација. Ние ги исполнуваме барањата на законот. Турција ќе ги следи луѓето поврзани со ФЕТО, нивните досиеја ќе бидат испратени до властите на Северна Македонија и тие ќе бидат следени сѐ до финализирање на одлуките.“
Во врска со тоа дали е добиен каков било одговор од САД во врска со присуството на водачот на ФЕТО во САД, Секизќок рече дека очекувањата од САД во врска со екстрадицијата на водачот на ФЕТО не се исполнети и дека тие ќе продолжат упорно да го следат прашањето.
Во рамките на настанот се одржа видеопроекција подготвена од Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Турција во врска со 15 јули.