Hacer Başer
22 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
ТРИПОЛИ
Либискиот министер за внатрешни работи, Фетхи Башага, разговарал со германскиот амбасадор во Триполи, Оливер Овча, за депортацијата на руските платеници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Башага на својот профил на Твитер напиша: „На денешната средба со германскиот амбасадор разговаравме за потребата од депортација на руските платеници, за единствена и стабилна Либија и за безбедносните и политичките решенија.“
Во изјавата на својот профил на Твитер, германскиот амбасадор изјави дека е задоволен што министерот Башага се фокусирал на единството и безбедноста на Либија.
Овча истакна дека со Башага се согласиле дека „сите национални и меѓународни напори мора да бидат насочени кон успешен либиски политички дијалог под водство на Обединетите нации.“
Се наведува дека споменатите руски платеници го поддржуваат Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот од земјата.
Во Берлин, главниот град на Германија, на 19 јануари 2020 година се одржа конференција за започнување политички процес и за обезбедување постојан прекин на огнот и во Либија.