Hamdi Yıldız
22 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
На повик на опозиционерот Мухамед Али, кој живее во Шпанија, во Египет се одржаа антирежимски протести, известува Агенција Анадолија (АА).
Опозициските телевизиски куќи и корисниците на социјалните мрежи јавуваат дека антирежимските протести се одржани во градовите Гиза, Фајум и Калубија.
Истите извори јавуваат дека протестите се одржани во квартовите на периферијата на овие градови и дека во нив учествувале претежно млади демонстранти кои извикувале „Оди си Сиси“.
Прорежимските египетски медиуми известуваат дека ситуацијата во градовите е мирна и соопштија дека повикот на Мухамед Али не наишол на одзив кај демонстрантите.
На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа судир меѓу демонстрантите и полицијата и како демонстрантите ги каменуваат и ги палат полициските возила.
Иако прорежимските медиуми од Каиро тврдат дека станува збор за стари снимки, на една од нив е напишан вчерашниот датум.
Покрај економската криза, растот на незадоволството кај египетскиот народ кон режимот го предизвикуваат и сè почестите одлуки на власта за уривање на станбените објекти за кои наводно не се издадени потребните документи за согласност.