Mücahit Aydemir
21 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
ТРИПОЛИ
Либиската војска соопшти дека изјавите на египетскиот претседател Абделфетах ал Сиси кој рече дека Сирте и Џуфра се нивна црвена линија, се отворена интервенција врз внатрешните работи на Либија и објава на војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Абдулхади Дирах, портпарол на заедничката операција во Сирте и Џуфра при либиската Војска, преку писмено соопштение реагираше против изјавите на Сиси.
„Изјавите на Сиси кој рече дека Сирте и Џуфра се нивна црвена линија, се отворена интервенција врз внатрешните работи на нашата земја. Тоа го сметаме за отворена објава на војна против Либија“, нагласи Дирах.
Тој рече дека се решителни сите места да го ослободат од платените војници, поддржувачи и милициите при Калифа Хафтар.
Од друга страна, Сиси денес се обрати пред припадниците на Војската на неговата земја во текот на неговата посета на единиците на Воздухопловните сили на Египет, каде нагласи дека во случај да има потреба, египетската војска ќе биде воено ангажирана надвор од своите граници.
„Сирте и Џуфра се црвена линија. Либија нема да ја заштитат други, освен Либијците. Подготвени сме да понудиме помош и поддршка“, истакна Сиси.
„Бидете подготвени да служите во било каква мисија во рамки на нашите граници или доколку е потребно и надвор од нашите граници“, рече тој, обраќајќи им се на војнците.