Zehra Nur Düz,Ali H. M. Abo Rezeg
03 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
АНКАРА
Либиската армија денеска официјално објави започнување на операцијата за ослободување на аеродромот во Триполи, јужно од главниот град, кој го контролираат нелегитимните сили предводени од Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата ја најави портпаролот на либиската армија, Мухамед Кануну, а објавено е на официјалната Фејсбук-страница на Вооружените сили на Либија.
„Официјално најавуваме почеток на борбата за ослободување на аеродромот“, изјави Кануну.
Меѓународно признатата либиска Влада, позната и како Влада на национална единство, беше нападната од страна на силите на Калифа Хафтар во април 2019 година.
Во март, либиската Влада ја започна операцијата „Бура на мирот“ за да се спротивстави на нападите врз главниот град, а неодамна со голем удар врз силите на Хафтар ги врати стратешките локации, вклучувајќи ја и воздушната база „Ал Ватија“.
Мисијата за поддршка на ОН во Либија (UNSMIL) соопшти дека Хафтар се согласил на продолжување на разговорите за прекин на огнот.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога беше убиен Муамер Гадафи. Водачот на сепаратистичките сили од источна Либија, Калифа Хафтар, во април минатата година започна напад за заземање на главниот град Триполи, кој беше спречен од силите на Владата на национално единство на Либија.